18 Декември, 2025
0.1333

ХИВ ПОЗИТИВЕН СВЕШТЕНИК КРАДЕЛ ДОНАЦИИ, КУПУВАЛ ДРОГА И ОРГАНИЗИРАЛ ОРГИИ - скандал во Католичката црква

Објавено во: Свет 10 Декември, 2021 09:53

Добивај вести на Viber

Италијански свештеник е осуден на три години и осум месеци затвор за кражба на парохиските финансии за апсолутно безбожни потреби, прекршувајќи неколку заповеди.

Парите, наводно, биле донирани од верници за да им помогнат на најсиромашните членови на заедницата во која служел свештеникот, но тој ги задржал за себе и ги користел за организирање оргии каде се консумирала дрога.

Според весникот „Кориере дела сера“, отец Франческо Спанјези (40) постигнал спогодба за признавање вина во која се потврдуваат обвинувањата за трговија со дрога, дистрибуција и злоупотреба на средства.

Сепак, Спанејези има и среќа бидејќи не бил обвинет дека се обидел да нанесе тешка штета на поединци, откако било утврдено дека не известил неколку машки партнери, со кои имал незаштитен секс, дека е ХИВ позитивен.

Овој свештеник земал антиретровирусни лекови, вели адвокатот на обвинетиот, а обвинетиот постојано тврдел дека ги информирал партнерите за својот ХИВ статус.

Исто така, италијанските медиуми јавуваат дека дрогата што ја делел на оргиите била наменета за силување.

Спанејези дел од казната ќе ја помине во терапевтската заедница, каде што ќе го лекуваат од зависност од дрога додека истовремено ќе работи во заедницата.

Свештеникот, кој изразил жалење за своето однесување, наводно ќе мора да врати околу 300.000 евра што ги украл од неговата парохија.

Неговиот сексуален партнер, 40-годишниот Алесио Реџина, е осуден на три години и два месеци затвор поради вмешаност во купување и продавање кокаин.

Спанејези бил ракоположен за парохиски свештеник на само 27 години, а тој признал дека експериментирал со дрога пред околу една деценија.

Епархијата на Прато, во регионот на Тоскана, го отстрани од црковните должности кога приказната се појави во јавноста во септември.

Извор. Блиц.рс

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина