19 Декември, 2025
0.1060

Холанѓаните слетаа во Охрид, надлежните очекуваат 400 илјади туристи летово

Објавено во: Економија 26 Април, 2013 19:54

Добивај вести на Viber

И годинава со леб и сол на охридскиот аеродром беше пречекана првата група туристи кои со специјален чартер-лет на тур-операторот „ТУИ Аркефлај“ дојдоа на одмор во Охрид. Овојпат станува збор за туристи од земјите на Бенелукс, главно Холанѓани. Според новиот охридски градоначалник, Никола Бакрачески, пријателството меѓу Охриѓани и туристите од Холандија датира повеќе децении. „Последните две години, благодарение на Амбсадата на Кралството на Холандија и агенциите, бројот на туристи од Холандија постојано расте“, посочи градоначалникот. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јордан Трајков очекува зголемување на вкупниот број туристи од Холандија, а проценува и дека вкупниот број туристи од странство оваа година ќе ја надмине бројката од 400 илјади гости кои ќе летуваат во Македонија. Како одговор на обвинувањата за исплатата на субвенциите, Трајков појасни дека субвенциите за странските туристи се исплаќаат редовно, но само за вистинските туристи, а не за обичните патници односно нашите иселеници кои ги користат чартер-летовите само за да го посетат родниот крај. Тој посочи дека станува збор за сума од милион и 50 илјади евра, што на почетокот на мај оваа година ќе бидат исплатени како субвенции за 2012 година. Инаку, туроператорот „ТУИ – Аркефлај“ заедно со „Корендон“ се агенциите кои веќе трета година во Холандија и земјите од Бенелукс ја нудат Македонија како дестинација на своите летни туристички понуди. Ова лето двете агенции имаат зацртано реализација на вкупно 114 чартер-лета за Охрид со околу 20 илјади туристи. Минатата туристичка сезона холандските туристи оствариле вкупно 145.280 ноќевања или 17,9 проценти од вкупниот број реализирани ноќевања.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд