ХОРОСКОПОТ ЌЕ ВИ КАЖЕ: Што да им подарите за празниците на тие што ги сакате!
Објавено во: Општо 19 Декември, 2016
Некои луѓе имаат талент и дарба да одберат одличен подарок, но на добар дел им е потребна мала помош. Идеите не секогаш доаѓаат така лесно. Но, без очајување, ѕвездите се тука да ви помогнат.
Каков подарок би сакал да добие секој хороскопски знак во пресрет на празниците?
Овен
Овните се оние кои сакаат нови работи - нова технологија, ново хоби, нови искуства. Нема да погрешите доколку им купите безжични слушалки за мобилен, а нема да се противат и на нов мобилен телефон.
Сакаат забавни нешта кои носат доза адреналин и авантура, па пријатно ќе ги изненадите со платени часови за качување на вештачка карпа, брканица со ласери, картинг или летање со параглајдер.
Одлична идеја за подарок е и спортска опрема која добро се вклопува со изборот на нивната физичка активност – фитнес, велосипедизам или планинарење.
Бик
Сензуалните Бикови сакаат уживање и хедонизам, односно сакаат добро да се чувствуваат во својата кожа. Идеалниот подарок за нив е нешто во кое ќе уживаат и ќе се чувствуваат луксузно и пријатно.
Комфорен, но скап дебел џемпер, свилени пижами или долна облека. Неколку различни шишиња добро вино или увозни брендови на пиво во добро завиткана кутија...
Тие обожуваат мали гурмански залчиња, па предвид доаѓаат и солени и благи вкусови. Природна квалитетна козметика и добри парфеми е нешто кое исто така ќе им донесе насмевка на лицето.
Близнаци
Близнаците сакаат забави 24/7 и најмногу од сè, сакаат да бидат добро информирани. Доколку им овозможите неколкумесечна претплата на омилените списанија ќе бидат среќни. (Полу)годишна влезница за музеј, кино или театар исто така искрено ќе ги израдува.
Таблет е одличен избор за подарок или аксесоар за мобилниот телефон.
Бидејќи сакаат да гестикулираат со рацете, идеален подарок за жената близнаци е скап маникир или сет за домашен маникир, доколку е вешта самата да си го направи.
Рак
Топла домашна атмосфера е на врвот на листата на желби за Ракот. Дезенирани перничиња, интересни ѕидни часовници или кашмирни прекривки ќе ги израдуваат Ракчињата.
Гаџет за музика во облик на старинско радио или грамофон ќе им го привлече вниманието, како и луксузен готвач за специфична храна.
Карти за опера и балет се исто така еден од подобрите подароци за Раковите.
Лав
Сè што сјае - тоа е девизата на Лавот кога станува збор за подароци: накит, шминка или некоја скриена тетоважа.
Добро парче облека како квалитетна кошула или кожена јакна и модни додатоци од типот на огромни шалови и шешири кои веднаш влегуваат во очите на околината.
Производи или апарати наменети за нега и стилизирање на косата се одличен избор за Лавиците, а генерално обожуваат карти за театарски претстави.
Девица
Сè што ќе го направи животот полесен и поедноставен е одлична идеја за подарок за Девиците. Со еден збор, тоа што другите ќе го сметаат за здодевно, Девицата ќе го дочека со ентузијазам.
Ароматични свеќи за домот, средства за одржување хигиена на природна база или организатори за облека, чевли или ситници.
За себе посакуваат органска козметика која ќе им даде свежина и сјај на лицето и телото. Доколку вашиот избор е накит за Девицата, нема да погрешите со тиркиз.
Oстанатите 6 хороскопски знаци на следната страна...
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.