Хотелите од Охрид и Струга се договорија, ќе има специјален попуст за Србите
Објавено во: Економија 17 Април, 2021
Хотелите во Охрид и Струга од мај до октомври ќе понудат поевтини резервации за српските туристи до 20 отсто, во зависност од должината на престојот. Целта е наместо да патуваат на грчкото крајбрежје, тие да ги поминат летните одмори на Охридското Езеро или оние кои ќе ги поминат годишните одмори во Грција, на враќање да останат барем неколку дена во нашата земја, објави Алсат ТВ.
За едно лице на ден, тие можат да имаат полупансион од само 25 евра, со појадок и вечера во хотел со 4 ѕвезди. „Некои хотели од највисока категорија можат да бидат поскапи за 2-3 евра…“, рече Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Идејата за намалување на цените досега ја прифатиле околу 90 проценти од хотелите.
„Ова се специјални пакети што ќе им бидат дадени на локалните агенции и оние од Србија. Очекуваме добра циркулација од овие гости “, потврди Блажески.
Хотелиерите велат дека со оваа иницијатива сакаат да ја поддржат позицијата на Владата за повластувања за српските граѓани во знак на благодарност за бесплатните вакцинации.
Здружението на хотелиери има намера да понуди слични пакети за гости од други соседни земји, Албанија, Косово, Црна Гора и Бугарија, бидејќи повеќето резервации со гости од Западна Европа се повторно откажани или чекаат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.