Добивај вести на Viber
Украинските туроператори веќе нудат нов тип на туризам во воено време. За разумна цена туристите можат да ја посетат зоната на конфликтот во Украина и да се качат на оклопни возила. Идејата е посетителите да видат низ свои очи што се случува, но истовремено да бидат заштитени од оклопни прозорци.
Тоа е вистинско доживување "на живот и смрт" и возбуда, која се уште не е позната на светската туристичка индустрија.
Осигурувањето може и да не е вклучено во понудата, но тур-оператори во Украина продаваат пакети за авантуристички туризам.
Авантурите во време на војна се со почетна цена од 80 долари за двочасовна екскурзија во Славјанск, каде што гостите можат да го видат целосно уништениот град. За 800 долари посетителите можат да одат и во активна воена зона.
Туроператорите ги предупредуваат туристите да бидат подготвени за неочекувани ситуации, вклучувајќи и да бидат спречени да ги минат контролните пунктови.
За да се избегне ризикот да бидат застрелани, посетителите ќе се движат со оклопни возила, иако некои луѓе можат ако преферираат да одат и во не толку ризичните зони каде можат да ги сликаат разурнатите мостови, разнесените оклопни возила и урнати згради.
Огласите за екстремниот туризам се ставени во туристичките области, како и на границите со соседните земји со фрази како: "Импресионирајте ги вашите пријатели со ултимативно селфи" или "видете каде точно се случуваат борбите".
Неколку луѓе веќе ги посетија турите и ги објавиле фотографиите на социјалните мрежи. Ако сакаат туристите можат да си соберат и "сувенири" - гранати или парчиња од урнатините, кои можат да си ги вратат дома.
Многумина ги осудуваат овие туристи нарекувајки ги "болни", нагласувајќи дека војната е нешто трагично, а не нешто што треба да биде сметано како туристичка атракција.
К.К.