19 Декември, 2025
0.0356

ХРАНА ОД ДОМА МОЖЕ ДА СЕ НОСИ, НО НЕ И КАМП ОПРЕМА: Упатствата за Британците кои со часови ќе чекаат да се збогуваат со Елизабета Втора

Објавено во: Свет 12 Септември, 2022 11:45

Добивај вести на Viber

Огромна толпа ожалостени Британци се очекува да се простат од покојната кралица Елизабета Втора, заради што властите предупредуваат дека пред Вестминстерската палата ќе има долги редици луѓе. Оние кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата се советуваат да носат доволно храна и пијалоци и да се облекуваат соодветно.

Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, ќе предводи кратка церемонија откако ковчегот ќе пристигне на неговото почивалиште до погребот. Јавноста таму ќе може да оддаде почит од среда до понеделник. Кралицата мајка последен пат беше погребана таму пред нејзиниот погреб во 2002 година, кога 200.000 луѓе го посетија нејзиниот ковчег.

Властите објавија детали за тоа како луѓето можат да оддадат почит. Како што најавија, очекуваат дека оние кои ќе сакаат да се збугуваат можеби ќе треба да чекаат во редица и од неколку часа, па дури и преку ноќ. Како што предупредуваат, нема да имаат многу можности да седат додека чекаат. Затоа им се советува да носат храна со себе и да се облекуваат соодветно и пристојно. Забранета е облека со навредливи или политички пароли. Посетителите треба да очекуваат и доцнење на јавниот превоз.

Посетителите ќе мора да поминат низ безбедносен скрининг како што се на аеродромите. Оние кои чекаат ќе бидат замолени да го намалат звукот на нивните мобилни телефони. Надлежните исто така ги повикуваат луѓето да не чекаат во редици наместо други. Снимањето и фотографирањето ќе биде забрането. На посетителите им се препорачува да понесат и пренослива батерија за полнење на мобилниот телефон и лекови доколку им е потребна.

Но, со себе не треба да носат опрема за кампување, вреќи за спиење, столици, цвеќиња, пиротехнички средства, остри и опасни предмети.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела