19 Декември, 2025
0.0333

Храната која ги држи леукоцитите во нормала

Објавено во: 25 Декември, 2015 18:55

Добивај вести на Viber

Кои видови на храна ќе ви помогнат да го намалиtе високото ниво на леукоцитите?

Дефинитивно храната има ефект врз бројот на белите крвни клетки. За да се зачува нивото на леукоцитите во нормала, избегнувајте конзумирање на храна, која е премногу слатка, мрсна, со многу шеќер и сол.

Ниското ниво на леукоцитите исто носат ризик за телото, бидејќи му недостасува ефикасна бариера против нив.

Дневно е убаво да се косумира храна со висока содржина на антиоксиданти, влакна, калциум, рибино масло, мононезаситени масти и со низок гликемичен индекс. Некоја храна помага да се намалат високите нивоа на леукоцити. Тие вклучуваат лук, грозје, зачини, соја протеин, ореви, маслиново масло, црн и зелен чај, оцет.

Еве кои супстанции ги држат леукоцитите во нормала:

1.Омега-3 масни киселини

Тие се еден вид на полинезаситени масти, кои го поддржуваат здравјето на срцето и ја подобруваат активноста на фагоцитите, кои се вид на бели крвни клетки, кои го пазат организмот од страни бактерии.

Омега-3 полинезаситени масни киселини се наоѓаат претежно во мрсните риби како пастрмка, харинга, лосос, како и во оревите и ленено семе. Ако во телото има малку леукоцити, тогаш ако јадете од овие производи бидете сигурни дека ќе си помогнете самите на себе.

2.Антиоксиданти

Тоа се супстанции кои ги штитат клетките од штетните молекули наречени слободни радикали кои ги оштетуваат клетките, протеините и ДНК. Земањето на производи со антиоксиданси помага за заштита на човечкиот организам. Во антиоксидантие има алил сулфиди - затоа јадете кромид, праз, лук, каротеноиди - се среќаваат во овошјето и морковите, флавоноидите - ги има во овошјето и зеленчукот, како и полифенолите - чај и грозје. Тие помагаат за одржување на здрав имунолошки систем.

3.Витамин C

Овој витамин му помага на организмот да произведе повеќе леукоцити, што од своја страна му помага на организмот да се бори против инфекциите. Сите агруми - вклучувајќи ги портокалите, лимоните, мандарините - содржат витамин C. Исто така може да се добие витаминот C и од други плодови, како папаја, ананас и гуава. Да не заборавиме и за зеленчукот, кој е богат со витамин Ц како морков, брокула, карфиол, зелка и пиперки.

Во прилог на овие хранливи материи, може да конзумирате и по некое безалкохолно пиво! Верувале или не, една студија покажа дека пиењето на 1 до 1,5 литри безалкохолно пиво за 3 недели ги воведува леукоцитите во нормала.

Но сепак најважна е балансираната храна за секој човек.