21 Мај, 2024
0.0307

Храната која ќе не спаси од ракот

Објавено во: Стил 27 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата Fresh Del Monte Produce Inc. создала розов ананас, кој има ликопен - антиоксиданс кој им ја дава црвената боја на доматите и може да има улога во спречување на ракот. Американското законодавство кое дозволува на пазарот компири кои не помодруваат, и јаболка кои не стануваат кафеави, отвора можности за нова генерација на геномодифицирана храна во продавниците. Што може да следи? Борците со ракот - розови ананаси, корисни за срцето виолетови домати и помалку мрсни растителни масла се само дел од производите кои може да добијат владино одобрување во наредните години. Компаниите и научниците кои ја создадоа оваа храна се надеваат дека клиентите ќе бидат привлечени од здравствените бенефиции и практичноста и ќе ги надминат стравувањата од генетскиот инженеринг. "Сметам дека штом еднаш луѓето ги видат повеќето од придобивките, тие ќе почнат да ја прифаќаат полесно технологијата", изјави Мајкл Фирко, кој е одговорен за регулирање на геномодифицирани организми (ГМО) во американското Министерство за земјоделство. Критичарите не се толку сигурни. Тие сметаат дека треба да има построга државна регулација на модифицираната храна, кои се одгледуваат од создадени во лабораторија семиња. Министерството за земјоделство има моќ да ги почитува само здравјето на ГМО растенијата, а побарувачката на одобрението за безбедност од Food and Drug Administration (FDA) е генерално аспиративно. "Многу од овие работи можат да бидат постигнати преку традиционално одгледување", изјави Даг Гури-Шерман од НВО-то Center for Food Safety. "Треба да има скептицизам." Fresh Del Monte Produce Inc. е дизајниран розов ананас, кој вклучува ликопен - антиоксиданс кој им ја дава црвената боја на доматите и може да има улога во превенцијата на рак. Американското Министерство за земјоделство го одобри увозот на ананас, кој ќе се одгледува само надвор од САД. Сега компанијата очекува одобрение од FDA. Некои градинари веќе одгледуваат конвенционални виолетови домати, но една мала компанија од Велика Британија планира да аплицира за дозвола да произведува и продажба на виолетови домати, кои имаат високо ниво на антоцијанит - соединение кое се среќава во боровинките. Некои истражувања покажуваат дека таа го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и некои видови рак. Гигантите во производство на семе Монсанто и Dow AgroSciences одделно развиваат модифицирана соја, репка и сончогледови масла со помалку заситени масти и повеќе Омега-3 масни киселини. Компанијата за цитрусни плодови во Калифорнија Southern Gardens користи гени на спанаќ, за да направи геномодифицирани портокалови дрва, кои потенцијално би можеле да се спротивстават на болест врз нив, која ја опустошува бербата. Okanagan Specialty Fruits Inc. е компанија која создаде непокафенувачки јаболка, сега го насочи погледот кон генетски инженеринг на праски, цреши и круши, за да се спротивстават подобро на болестите и да се подобри нивниот квалитет. Трговците уште не се сигурни до крај за ГМО производите. McDonald's купува обични компири од Simplot, но тврди дека уште нема "сегашни планови" да купува ГМО компир. Други ланци веќе се заречени да не продаваат ГМО лосос, кој чека одобрување од FDA. Кејтлин Енрајт од Biotechnology Industry Organization смета дека индустријата е загрижена од отпорот на групи за притисок кои би го одложиле развојот на технологијата. "На крајот пазарот ќе одреди кој ќе успее", рече таа. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“