Храната во Хрватска не се контролира доволно
Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2013 12:22
По скандалот со афлатоксинот во млекото, хрватските медиуми ја отворија темата колку всушност се контролира храната во Хрватска и дали законските контроли кои што се спроведуваат институциите се доволни за безбедност на храната.
Како што пишува Нови лист, судејќи според она на што се Хрватска се обврзала со прописите на Европската унија, храната многу малку се контролира. “Имено, го прифативме европскиот систем на самоконтрола, во кој од полето па до масата учествува секој кој што е во производство и продажба на храна и сам одговара за тоа што го нуди на пазарот, додека државата контролира во многу помала мера од порано, пишува весникот.Кога се работи за кравјото млеко, кое годишно во Хрватска се произведува околу 550.000 тони, според Правилникот за мониторинг на живи животни и производи од животинско потекло, годишно за остатоци на лекови во млекото и на други штетни материи, како и на микотоксини т.е. афлатоксини, се контролираат само 300 примероци, пишува Нови лист.
Од тие 300 примероци, кои државата мора да ги земе од фарма или во млекара пред истекување на млекото од цистерни, само 210 од нив (70 отсто) се контролираат за присутност на резидуи - остатоци од лекови, а само 15 отсто т.е. 45 примероци на микотоксини, габи од сточна храна и други слични штетни материи.
Што се однесува пак до јајцата, кокошките во Хрватска снесуваат околу 850 милиони јајца, а како што велат правилата за државен мониторинг, се прегледуваат најмалку 200 примероци годишно. Во секој примерок мора да има 12 јајца, што значи дека годишно за остатоци од лекови и други штетни материи се прегледуваат само 2.400 јајца, т.е. во вкупното производство едно јајце на 354.000 произведени.
Што се однесува до говедата, треба да се тестираат најмалку 0,4 отсто од вкупниот број на говеда заклани во претходната година. Податоците на Државниот завод за статистика велат дека ако во 2011 година се заклани 246.000 говеда, државата на илјада од нив морала да ги испита остатоците од лекови и други штетни материи; од вкупното производство на свинско месо, половина мора да се преконтролира, како и по сто кокошки, мисирки и други птици на вкупно 60.000 тони произведено пилешко месо
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





