Добивај вести на Viber
На денешната седница во Собранието на на Република Македонија, Христијан Делев беше именуван за заменик-министер за економија, на местото на Катерина Веловска, која поднесе оставка.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски информира дека 52. седница ќе продолжи за еден час.
- Во моментот Делев ја извршува функцијата заменик директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции. Претходно има работено како консултант претежно во областа на економијата, здравството, земјоделството. Работел и како заменик-министер за земјоделство, државен секретар во МЗШВ, директор на Агроберза. Во приватниот сектор работел главно како консултант за економски прашања. Делев и во минатото успешно ги извршуваше сите овие задачи и одговорности и тргнувајќи од искуството во работењето со него, како економист и лице кое веќе извршувало одговорни функции, како и за неговото образование, ценам дека успешно ќе ја извршува и функцијата заменик-министер за економија, рече премиерот Груевски.
Пратеничката група на ДПА се изјасни против изборот на Делев на местото заменик-министер за економија. Побарааа и замена на министри и заменици-министри кои доаѓаат од редовите на ДУИ.
На седницата претходно се гласаше и за оправданоста предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за ученички стандард, на Законот за јавните службеници, на Законот за социјална заштита, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување да бидат донесени во скратена постапка.
На седницата беше усвоен и предлогот на пратениците Илија Китаноски и Александар Николоски по скратена постапка да биде донесен и Предлог-законот за дополнување на Законот на Владата на Република Македонија.
Во образложението, пратеникот Николовски посочи оти со досегашниот Закон за Владата на Република Македонија се уредени правата и должностите на претседателот и членовите на Владата, но не се уредува прашањето кое се однесува на личното обезбедување на премиерот по завршувањето на неговата функција. Тој информира дека Предлог-законот е многу едноставен и се состои од три члена.
- Една основните причини е зајакнување на борбата против корупцијата, имајќи предвид дека тоа е еден од основните приоритети на оваа Влада, а се надевам и на владите кои ќе доаѓаат. Тоа е долготрајна битка и оние кои се засегнати некогаш се обидуваат ударот да го возвратат откако ќе заврши мандатот на Владата или на претседателот на Владата. Предлагаме за ист временски период во кој претседателот на Владата ја вршел таа функција, да има лично обезбедување, појасни Николовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: