Хрват застана на страна на Српските фудбалери: Еве што им одговори на Албанците!
Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2014 18:46
На еден од форумите Мирко од Сплит коментирајќи ги случувањата на прекинатиот фудбалски натпревар на квалификациите за Европското првенство во 2016 година помеѓу Србија и Албанија, посебно на Албанецот, кој се потпишал како Соседот Хашим, му одговорил прашувајќи го на што всушност се горди Албанците?
„Јас тебе од срце би ти честитал. Ова е историски ден за големата албанска нација. Го изведовте првиот лет во историјата на албанскиот народ. Цел свет ги слави браќата Рајт, а вие сега можете да ги славите браќата Рама.
Чудно е да, што за историскиот албански лет ја одбравте соседната земја и дека тоа е беспилотно летало, но и Американците не праќаат веднаш на Марс живи луѓе, полека за некоја година ќе имате и човек и горе на небото. Тој ден големата Албанска нација може да го слави како ден на основање на Албанското воено воздухопловство и против воздушна одбрана.
Синко божји, ова што вие го направивте во Белград е „дно дна„ јас да сум на твое место би се покрил со уши и не би пуштил ниту глас од срам, а вие славите.Што славите? Тоа што тој идиот свесно ги стави главите на вашите фудбалери на трупец? То што се можеше да заврши со крвопролевање да не беа српските фудбалери? Ма, што славите сакам да знам?
Малициозност и провокација во која не се битни ниту спортот, но можните последици кои ќе ги предизвика таа провокација ... Замислувам, што би се случило доколку на Максимир (стадионот на Хрватска во Загреб) на натпревар помеѓу Србија и Хрватска ваков авион да би носел карта на голема Србија. Ма, куме не би останал камен на камен од српската амбасада. Само, што ние Хрватите, а ни тие Србите, не можеме вакво нешто блесаво и детинско да измислиме.
Срам може да ви биде. Не поради оваа провокација, туку поради реакцијата на вашите играчи и вашата нација. Го славите тоа што сте успеале некој да навредите а тоа го можат само малите и жални луѓе.Мојата голема поддршка на српските фудбалери кои се покажаа големи луѓе и спортисти!“, напишал Мирко.
Еве ја целата порака во оригинален текст.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни





