Хрватите лути: Автопатот од ЕУ кон Црна Гора и Албанија оди преку БиХ наместо преку Дубровник
Објавено во: Балкан 26 Август, 2014 12:09
Наместо преку Дубровник, Црна Гора и Албанија со западна Европа најверојатно ќе се поврзуваат преку автопат на подрачјето на Босна и Херцеговина, пишува Јутарњи весник.
Оваа информација ја потврдил добро упатен соговорник од Владата на Хрватска наведува весникот, додавајќи дека тој истакнал дека начелната одлука за тоа е веќе донесена.
Како што пренесува хрватскиот портал Индекс.хр, премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ работел спротивно на интересите на државата и округот.
„Пермиерот Милановиќ ни порачува дека нема автопат на подрачјето на Хрватска после панелите, дури додава дека знае дека тоа нас не не задоволиле!?
Се прашуваме како можел да разговара, или уште полошо да преговара трасата на автопатот од просторното планирање, односно за стратешки документи на Хрватска?“, нагласува Доброславиќ.
Делот од Јадранско-јонскиот автопат на јужниот Јадран, според дознавањата на Јутарњи, ќе се гради како продолжение на патот А1, но најверојатно не преку Неум и Дубровник, туку преку Почитељ и Требињe, откаде ќе продолжува кон Црна Гора и Албанија.
Туристички центри, вклучувајќи го и Дубровник и воздушнoто пристаниште во Чилипи, со овој автопат би требало да бидат поврзани побрзи патишта. Тоа значи, констатира Јутарњи до Дубровник и крајниот југ на Хрватска, судејќи по се, нема да бидат споени со остатокот од земјата и ЕУ со автопатот туку со постоечката Јадранска магистрала.
Таа, меѓутоа, на некои места ќе биде претворена во брз пат, однсно ќе добие уште една лента, а на низата локации во план е и градење на обиколница.
На Хрватска, како што се додава, и останува приоритѕет и градење на Пељешац мостот, со што ќе се обезбеди побрз пат кон Дубровник со заобиколување на Неум и тамошните гранични премини. Секогаш останува и можноста Хрватска сама да изгради автопат до Дубровник, но таа нема да има карактер на меѓународен пат, заклучува Јутарњи весник.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




