Хрватите навалија за работа во Брисел
Објавено во: Балкан 05 Март, 2013 14:24
За околу илјада работни места во институциите на Европската унија се јавиле повеќе од четири илјади Хрвати, а во натамошната процедура повикани се нешто повеќе од 300, пишува „Јутарњи лист“.
Од повиканите кандидати околу 140 ќе бидат ставени на т.н. резервна листа, од која по потреба институциите на ЕУ ќе ги повикаат на разговор и ќе им понудат работа.
Конкурсот ги опфати најниските почетни позиции за лицата со факултет, а во тек е процедура за избор на преведувачи, правни лингвисти и околу сто лица за работа како асистенти.
Сите конкурси се наменети за Хрватите или други државјани на ЕУ, на кои хрватскиот им е прв јазик, а освен тоа Унијата секоја година распишува и конкурси, кои се отворени за сите државјани на ЕУ.
Европската комисија најави дека ќе вработи вкупно 249 Хрвати, а кога ќе се одбијат преведувачите, конференциските преведувачи, лекторите и правните лингвисти, бројот на оние кои ќе добијат работа, која не е поврзана со јазикот, ќе биде доста помал, додава весникот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





