05 Декември, 2025
0.0504

Хрватите плаќаат прескапи станбени кредити?

Објавено во: Балкан 04 Март, 2013 11:49

Добивај вести на Viber

На граѓаните на повеќето земји на ЕУ достапни се поповолни станбени кредити, отколку на Хрватите, но исто така факт е дека каматните стапки во земји со сличен кредитен рејтинг по правило се исти или дури и повисоки во Хрватска. Расправата за минусите на тековните сметки во друг план ја стави иницијативата на министерот за финансии Славко Линиќ, кој на себе сака да го преземе правото и одговорноста за одредување на каматните стапки на станбените кредити. Лимитирањето на каматите на 5 отсто, што го предложи Линиќ, би значело помало задолжување за граѓаните.

На просечен кредит од 70.000 евра, заштедата од намалените камати на 5 отсто би биле 76 евра месечно. Имено, во овој момент повеќето банки на станбените кредити во фаза на задоцнети отплати, наплатува камата од 6,2 па до 7 отсто. Секако, тоа е ефективна каматна стапка по истекот на стимулативниот период од една или две години отплата.

Споредбата на цените на кредитите со договорот за отплата на 30 години покажува разлика во цената од 27.380 евра. Ако кредитот се договори со камата од 6,7 отсто, цената на крајот би била 162.608 евра, додека со камата од 5 отсто таков кредит би чинел 135.280 евра. Тоа се бројки пресметани со помош на кредитни дигитрони на страниците на банките, а тие исто така покажуваат дека примената на нови, помали камати би ги намалило месечните рати од 452 на 376 евра за стан кој го земавме за пример.

Тоа е причина зошто здружението Франак ја поддржува иницијативата на министерот, но велат дека не можат да прифатат што министерот самиот ги одредува стапките, туку бараат за законот да се одреди друг начин за пресметка на каматите за долгорочните кредити.

Според податоците на Евростат, просечната каматна стапка во земјите на еврозоната на станбените кредити на рок над 10 години изнесува 3,95 отсто, што е многу поповолно од условите на домашниот пазар. Но, не цвета цвеќе ни во еврозоната бидејќи во тие 17 земји кои како валута го користат еврото, па затоа имаат намален ризик, постојат земји со камати слични на нашите.

Така Шпанците долгорочните кредити ги плаќаат околу 4,87 отсто, а високи камати имаат и Холанѓаните со 5,02 отсто. Најскапи станбени кредити во еврозоната имаат Португалија и Словачка. Во тие земји, наспроти еврото, граѓаните на кредитите плаќаат по цена како и Хрватите. На Португалците просечна каматна стапка им е 6,8 отсто, а на Словаците околу 6,5 отсто.

Надвор од Еврозоната нема камати пониски од 4 отсто, освен во Данска која е на самата граница на нивото со просечна камата од 3,98 отсто. Без штит кој го пружа еврото цените на кредитите растат бидејќи се пресметува ризик на валутата како и премиите за ризик на земјата.

Интересно е дека во Романија плаќаат помала каматна стапка за станбени кредити од Британците. Имено, во Романија просечната стапка е 4,95 отсто, а во Велика Британија таа изнесува 5,48 отсто. Најскапи кредити во ЕУ има Унгарија со која имаме многу сличности.

Имено, двете земји се надвор од еврозоната, имаат кредитен рејтинг на ниво на смет, не можат да излезат од рецесија и го финансираат буџетот со задолжување. Кога се знае дека Унгарците, наспроти членството во ЕУ, кое не чека во иднина, се принудени да плаќаат камата за станбен кредит дури 7,88 отсто, домашните банки и не делуваат толку алчно. Имено, на Унгарците кредитот од почетокот на членството им е поскап за 55 евра месечно, од кретитот на Хрватите.

Заклучокот кој се наметнува е дека каматите во Хрватска се во согласност со работењето на банките во Европа, а на подобри услови можеме да се надеваме само ако се стабилизираат јавните финансии, да почне да се зголемува вработеноста и стопанскиот раст, а потоа и да се поправи кредитниот рејтинг и позицијата на нашата земја во перцепцијата на меѓународните инвеститори и пазарот на капитал.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии