Хрватите признаа дека многу германски туристи им избегале, открија каде
Објавено во: Економија, Балкан 08 Октомври, 2025 19:34
За разлика од Хрватска, која трета година по ред е во минус за време на шпицот на сезоната на клучните туристички пазари како што е Германија, Грција продолжува да бележи раст на пристигнувањата на странски туристи оваа сезона, според официјалната статистика за август. Грција има зголемување на пристигнувањата и приходите од странски туристи ова лето, при што земјата ги следи своите статистики преку евидентирање на летовите.
Според податоците од грчката туристичка асоцијација СЕТЕ, меѓународните пристигнувања со авион од јануари до август 2025 година достигнаа 19,9 милиони, што е за еден милион патници повеќе отколку во истиот период во 2024 година, или за 5,6 проценти повеќе. Само во август се регистрирани 4,8 милиони пристигнувања, што претставува раст од 6,2 проценти на годишно ниво.
За споредба, Хрватска имаше 4,4 милиони пристигнувања на странски туристи во август, исто како и минатата година. Податоците од Хрватскиот национален туристички завод покажуваат пад на бројот на странски туристи со ноќевања низ Јадранското Море, кој се движи од два до четири проценти во споредба со минатиот август, а континенталниот туризам исто така е малку намален, иако пристигнувањата се на минатогодишните нивоа, пишува „Јутарњи лист“.
Регионалните резултати во Грција беа претежно позитивни. Крит предводеше со 4,1 милиони пристигнувања (+4,8 oтсто), Додеканезите со 3,3 милиони (+2,1 отсто), Јонските Острови со три милиони (+4,5 отсто) и Пелопонез со 185 илјади (+10 отсто). Единствениот регион со пад беа Кикладите (Миконос, Санторини и други), кои примија 940 илјади патници, што е намалување од 5,9 проценти во споредба со претходната година.
foto Wikipedia/Frane Lovošević
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




