Хрватите живеат во полоши услови од Грците и Шпанците
Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2013 12:14
Граѓаните на Хрватска се загрижени за нивната економска состојба во иднина, бидејки голе дел од нив сметаат дека кога ќе влезат во ЕУ, нивната земја ќе биде четврта најсиромашна земја членка,пишува Јутрани лист.
Во земјтата се зголемуваат трошоците за елементарни потреби како храната, енергенсите и трошоците за живеење, а значително помалку се троши на трајни добра и на квалитетот на животот.
Според истражувањето на Евростат, животниот стандард во Хрватска во 2007 година изнесувал 61 отсто од просекот на ЕУ, исто колку и во 2011!
Но, Хрватска е во клубот на најсиромашните земји на ЕУ. Само Бугарија, Романија и Летонија се посиромашни! Така, на 1 јули Хрватска во ЕУ ќе влезе како четврта најсиромашна земја! Грците, Шпанците и Португалците, колку и да кукаат по светските медиуми поради финансиската криза низ која поминуваат, се уште многу подобро живеат од Хрватите.
Податоци за потрошувачката
Ерозијата на стандардот е директна последица од рецесијата, од која Хрватска никако да исплива веќе петта година по ред. Ако на тоа се додадат неспроведените реформи кои требаше да бидат реализирани во некои подобри времиња и забрзаното прилагодување на правилата на игра кои владеат во Европската Унија, изедначувањето е такво што тешко може да даде позитивен резултат. Впрочем, сето тоа се гледа од податоците за потрошувачката на хрватските домаќинства, кои во последните години од темел се променија.
За цените е виновна државата
Просечно хрватско семејство во 2007 година, според податоците на државната статистика, располагало со околу 74.000 куни, додека во 2011 година имало едвај околу 900 куни повеќе, иако цените се зголемија. Но, ако ги споредиме тие две години, гледаме дека денес значително помалку се одвојува за облека и чевли, предмети за домаќинство и опремање на станот, рекреација, култура и излегувања, како и хотели и ресторани. Од друга страна, трошоците за домување, режиските трошоци, посебно енергенсите и превозот, значително се зголемија.
Исто така е покачена ставката и за храната и пијалоците за кои просечно хрватско семејство троши околу една третина од платата, што е два и пол пати повеќе од просечно семејство во ЕУ.
Растот на трошоците за живот во голем дел е последица од потезите на државата и локалните самоуправи.
Животниот стандард во Хрватска минатата година паднал за околу пет отсто, а во оваа година се очекува негов пад за три до четири отсто. Тоа покажува дека семејствата го поднеле најголемиот товар од кризата. Се очекува оваа земја дури во 2017 година да застане на нозе, како во 2007-та.
Стагнацијата на европската скала
И во ЕУ е намалена потрошувачката и штедењето се зголеми, но кај нив се работеше за доброволна одлука. Во Хрвастака според експерите потрошувачка паѓа поради намалени реални приходи.
- Куповната моќ и во Хрватска и во ЕУ падна. Но, кај нас падна многу повеќе од ЕУ - истакнува Владимир Преведен, директор на загрепската консултантската куќа Роланд Бергер.
Во ваква состојба, вистинско чудо е Хрватска што не потона драстично на европската скала за нивото на животниот стандард, која секоја година ја подготвуваат евро статистичарите. Се работи за БДП по жител, искажан во паритет на куповната моќ, показател кој го зема предвид и нивото на цените, со што се добива пореална слика за куповната моќ и животниот стандард.
Според тој показател, Хрватска застана на 61 отсто од просекот во ЕУ.
Според така искажаната скала за релативното богатство, во ЕУ најблиску до Хрватска се Естонија, Литванија, Унгарија, кои малку се побогати.
Пад и во иднина
Податоци за 2012 година се уште нема, но економистите оценуваат дека тие ќе покажат пад на Хрватска на европската скала. Во тоа друштво ќе и прават Грците, Словенците, Шпанците и Португалците, иако од повисоки позиции.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





