Хрватска бара партнер за „Кроација Ерлајнс“
Објавено во: Балкан 18 Октомври, 2013 14:58
Повик за пронаоѓање потенцијални инвеститори, кои се заинтересирани да станат стратешки партнер во управувањето со националната авиокомпанија „Кроација Ерлајнс“, упати Хрватската Влада со преземање на 49 проценти од нејзините акции во вредност од околу 127 милиони евра.
- Во рамки на преструктуирањето на авиокомпанијата хрватската Влада планира да му отстати на партнерот 49 отсто од акциите, изјави хрватскиот министер за транспорт Синиша Хајдаш Дончиќ.
Станува збор за околу 4,5 милиони акции со номинална вредност од 200 куни (26,25 евра).
Според планот за продажба, усвоен од хрватската Влада, потенцијалните партнери располагаат со рок од 30 дена, да пројават интерес за продажбата на акциите на „Кроација Ерлајнс“.
Министерот очекува процесот на приватизација трае од осум до десет месеци.
- По тој процес хрватската држава ќе контролира 50,25 отсто од акциите на „Кроација ерлајнс“, изјави тој, додавајќи дека парите од продажбата на акциите ќе бидат инвестирани во развој на компанијата.
„Кроација Ерлајнс“ лани превезе 1,9 милиони патници, што е за четири отсто повеќе од 2011 година, но регистрираше и загуба од 49 милиони евра.
Во првата половина на 2013 година бројот на патниците е намален за пет отсто во споредба со истиот период во 2012 година и компанијата регистрираше загуба од нешто над десет милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




