Хрватска „денес или утре“ ќе ја прекине блокадата на границата со Србија
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2015 16:05
Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ соопштил дека очекува денеска или утре да биде укината блокадата на границата со Србија.
„Заедно со соработниците работиме интензивно денес или утре да ги тргнеме мерките на границите, кои владата на Хрватска беше должна да ги преземе“, напиша во својот профил Миловановиќ.
Тој пишува уште дека не сака хрватските фирми и работници, како и оние во Србија, да страдаат.
Во меѓувреме, хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ соопштил дека Србија продолжува да праќа во Хрватска бегалци. Само во текот на изминатата ноќ во земјата илегално поминале околу 5.000 луѓе. Од минатата среда до денес од Србија во Хрватска влегле околу 59 000 мигранти.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




