05 Декември, 2025
0.0416

Хрватска губи по 30.000 евра дневно од непродаденото млеко

Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2013 09:44

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство на Хрватска од денеска ќе почне со откуп и уништување на околу 70 илјади литри млеко, а производителите на млеко, делумно ќе бидат обештетени. Од денеска околу 400 фарми од источна Славонија секој ден ќе го транспортираат млекото кое ќе се уништува во простории со биогас, а производителите делумно ќе бидат обештетени. Точниот износ на оштетата која што треба да ја добијат, сеуште не е утвреден, пренесува хрватскиот портал 24 вести. Претседателот на Сојузот на задруги на производители на млеко, Давор Блажиќ, како што пренесувааат хрватските медиуми, жали што Министерството за земјоделство претходно не донело мерки за да се спречат ваквите настани, но сепак го поздравува потегот. „Луѓето се заглавени во кредити и подобро е министерството да се погрижи за млекото, откулку поединци да го фрлаат“ изјави Блажиќ Се проценува дека штетата од непродаденото млеко изнесува околу 240.000 куни или околу 30.000 евра дневно. Според пресметките, ако 300 фарми произведуваат просечно 300 литри млеко, а литар млеко е околу 3,43 куни (30 евроценти), тогаш загубата е околу 30.000 евра дневно, пренесува хрватски Медиа сервис. Јешиќ: На моите деца им забранив да пијат млеко Потпретседателот на Владата на Војводина и секретар за земјоделство, Горан Јешиќ за српските новинари изјави дека на своите деца им забранил да пијат млеко “Млекото не е исправно. Резултатите од новите анализи покажуваат уште поголемо количество на афлатоксин во млекото, за дури седум пати над дозволеното. Овие нови резултати ќе ги објавиме за три до четри дена“ изјави Јешиќ. Мострите од млекото беа пратени во Германија.      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии