Хрватска ќе наплаќа „данок на шунд“, за класична музика 5%, а за рок 25%
Објавено во: Балкан 05 Март, 2013 16:21
Хрватското Министерство за финансии се одлучи на нов потег, а тоа е враќање на данокот на шунд, пишува загребскиот весник „Јутарњи лист“, наведувајќи дека за сериозната музика ДДВ-то би било 5%, а за рокот и фестивалите дури 25%.
Пред членството на земјата во ЕУ нулта стапката на ДДВ, која важеше за книгите и театарските и кино билетите „заминува во историјата“, наведува весникот, укажувајќи дека веќе се знае оти за книгите ќе се применуваат привилегирани стапки на ДДВ од 5%.
Владата овие денови треба да одлучи и за привилегираната стапка на ДДВ на театарските, кино, музејските и концертните билети, односно за четири категории влезници кои во повеќето земји од Унијата се обединети во една категорија - „билети за културни настани“.
Независно од тоа за какви претстави, филмови или концерти станува збор, тие имаат иста стапка на ДДВ, најчесто привилегирана, потсетува „Јутарњи лист“, давајќи ги како пример Словенија со 8,5%, Австрија и Италија со стапка од 10%, Полска и Шпанија со 8%, Шведска и Холандија со 6%.Исклучок од ваквата пракса е Велика Британија, каде нема привилегирана стапка на ДДВ-то за ниту еден културен настан.
Во предлогот хрватското Министерство се раководело според позитивната пракса, а и Министерството за култура дало препорака стапката на ДДВ-то на влезниците за сите културни случувања да изнесува пет отсто.
Со ваквиот став, укажува весникот, Министерството за финансии како повторно да го воведува социјалистичкиот „данок на шундот“, според чии одредби произледува дека дури и најлошите филмови на Жан Клод ван Дам, на пример, или најлошата театарска пиеса претставуваат уметност и култура, а концертите на Бијонсе, Роби Вилијамс или домашната група „Ладно пиво“ не.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





