05 Декември, 2025
0.0361

Хрватска: Како банкротираат славните

Објавено во: Балкан 14 Април, 2013 19:01

Добивај вести на Viber

Многу познати имиња од областа на политиката и спортот потопи бранот на финансиско пропаѓање во Хрватска. Банкротираа Иванишевиќ, Мајоли, Орешар, Керум, Чачиќ, пишува „Новости“. Каква низа, каква мешавина на политички и спортски ѕвезди – сплитскиот градоначалник Жељко Керум, најславниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ, боксерот Жељко Мавровиќ, најпознатата хрватска тенисерка Ива Мајоли. Во оваа група спаѓа и поранешниот хрватски вицепремиер Радимир Чачиќ, па уште една тениска ѕвезда, Бруно Орешар. Што ги поврзува сите нив? Тоа што не така одамна беа сопственици на се и сешто во Хрватска, за сега банкротот да затропа на нивните врати и што во краток период изгубија многу. Преку ноќ се се промени, бизнисите пропаднаа, а останаа само долговите. Жељко Керум до неодамна возеше „ферари“, а имаше и јахта долга 33 метри. Сега вози скромен „пасат“, а јахтата ја продаде на генералот Иван Чермак, кој неодамна е ослободен од страна на Хашкиот суд. На државата и должи 3 милиони евра само за ДДВ, 2,5 милиони за данок на добивка, а во меѓувреме го продаде и хотелот што го поседуваше, фирмата „Котекс“, синџирот самопослуги, па и земјиштето на кое на сопругата сакаше да и изгради кафуле. Му остана единствено хотелот „Марјан“, преполн со долгови и без купувачи кои за него би дале 118 милиони евра, колку што Керум досега вложил во обнова на култниот сплитски хотел. Горан Иванишевиќ своевремено се фотографираше на својата јахта „Амбер“, па барем има фотографии за спомен, затоа што јахтата му е запленета, бидејќи не можел месечно да враќа кредит од 12.000 евра за неа. И, тоа не е се. Иванишевиќ неодамна призна дека го „закопал“ бизнисот со недвижнини. Тенисерот, чувствувајќи пропаст, целиот свој имот го префрлил на сопругата, манекенката Татјана Драговиќ, за пред некој ден да објават дека се – разведуваат. Накратко, неговиот имот сега во најголем дел е на името на неговата сопруга, која наскоро ќе биде – бивша! А, поучен пример е и Ива Мајоли. Тенисот и донесе можност да купува и вози бесни автомобили, на разговори преку мобилни телефони трошеше илјадници евра, отвораше ресторани и спортски терени. Со бившиот сопруг Стипо Мариќ, кој важеше за врвен бизнисмен, помеѓу останатото отвори и ресторан на последниот кат од „Загрепскиот облакодер“, но катанецот многу брзо дојде на вратите. А потоа стигна и се за наплата, почнаа да се редат милионски долгови. Бизнисот очигледно и е послаба страна од спортот. Уште една тениска ѕвезда, Бруно Орешар, пропадна и покрај сета поддршка од политиката, преку ноќ – оставајќи огромни долгови и работници без плата. Неговата приказна е посебно сликовита. Во светот на бизнисот тргна откако со поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман играше тенис и му допушташе да победува. Тогаш стекна бројни претпријатија, меѓу кои и „Јадранкамен“, но на крај се пропадна. Боксерот Жеко Мавровиќ со години имаше успешен бизнис за здрава храна, произведуваше леб и печива, за на крај се да му пропадне. Сега се обидува, поради неповолната економска ситуација во која е, во доцни години за спортист да се врати на боксот, но со тешки маки, бидејќи на тренингот му пукна ребро. Пропадна и бизнисот на некогашниот голем политички играч , вицепремиерот Радимир Чачиќ. Бидејќи е осуден во Унгарија на затворска казна поради сообраќајна несреќа, неговото претпријатие „Конинг“, кое беше „гордост на хрватското стопанство“ – доживеа пропаст. Сега од избувливоста и арогантноста на Чачиќ нема ништо, молчи и ги избегнува работниците на која неговата сопруга, на која ја префрли сопственоста додека беше во високата политика, им должи за плати. Списокот на пропаднати е подолг од оној на кој се новите инвеститори. За несреќа по Хрватска, за славните и пропаднатите многу повеќе се дискутира отколку за успешните и за јавноста непознати лица. Ѕвездите се оние кои позади себе оставија пустош и долгови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии