05 Декември, 2025
0.0351

Хрватска меѓу најголемите извозници на воена опрема, минатата година извозот пораснал за 50%

Објавено во: Балкан 11 Март, 2013 12:13

Добивај вести на Viber

Растот на извозотна воена опрема на Хрватска лани пораснал за над 50% во однос на 2011 година па општо гледано е рекорден износ на извозот на воена опрема од осамостојувањето на земјата, пишува хрватскиот весник Нови лист. Соред податоците на весникот, во текот на 2012 година вкупниот износ на извозот на воената индустрија во Хрватска изнесувал 880 милиони куни. Тоа се неофицијални податоци на Агенцијата Алан, задолжена за воениот извоз. Резултатите се неофицијални, бидејќи дел од производителите имаат посебни дозволи па можат сами да извезуваат, без посредување на Алан. Но, поред бројките на весникот, вкупниот извоз на веоена орема се проценува на 880 милиони куни. За споредба, пред една година вкупниот извоз на воената индустрија застана на околу 550 милиони куни, а досегашниот рекорден извоз беше во 2009 година, кога беше над 650 милиони куни. Директорот на Агенцијата Алан, Иван Некиќ вели дека Хрватска со овие резултати е меѓу 25 најголеми извозници на воена опрема во светот. „Кога би се пресметувал само извозот на најмодерните технологии, тој пласман би бил и многу подобар“ вели Некиќ. Имено, за разлика од многу други држави кои повеќето извезуваат само вишок на постара опрема, хрватскиот извоз во над 95% случаи се однесува на продажба на нови технологии и производи. “Морам да кажам дека овој резултат е уште повреден ако се земат предвид некои објективни околности. Пред се, во овој сегмент владее голема конкуренција на светскиот пазар. Потоа, се работи за извоз на најмодерни технологии и тоа во најголема мера на скапите западни пазари. А на крај, оваа индустриска гранка на ниту еден начин не е субвенционирана од државата, ниту има било какви државни монополи“ истакнува Некиќ. Што се однесува на самиот извоз и производите, поединечно најдобар извозен производ е пиштолот ХС 2000. Во 2012 година се продадоа 460.000 такви пиштоли само во САД. САД како пазар и навистина е најголем увозник на хрватски производи за воена намена. Дури 60 отсто од нашиот воен извоз се пласира во САД: ХС Продукт, производител на тој пиштол, е во фаза на воведување и на јуришна пушка ВХС во Хрватската фабрика. Потоа се надеваат дека оваа пушка може да биде голем извозен адут. Според неофицијални податоци од Агенцијата Алан, Хрватска воената опрема ја извезува во 39 светски држави. Некои од нив секако треба да ги наведеме, пред се на пример Израел, земја која најголем дел од своите воено технички потреби ги подмирува од сопственото производство или со кооперација со Американците. Но, дури и тие увезуваа хрватски воени производи во 2012 година. Исто така, две убедливо најголеми извозници на оружје, наведената САД, па и Русија, во однос на Хрватска се примарни увозници. А гледано од перспектива на настаните од пред 20 години, речиси комично звучи податокот дека и Србија набавувала наши производи, пред се куршуми.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии