20 Декември, 2025
0.1094

Хрватска: Мора да им помогнеме на Македонија и на бегалците

Објавено во: Балкан 22 Август, 2015 12:29

Добивај вести на Viber

Хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусич повика за итна помош за Македонија, која се соочува со огромен бегалски бран.

„На Македонија и бегалците, кои се наоѓаат во пограничната зона меѓу Грција и Македонија, треба да им се помогне, и Хрватска ќе го стори тоа“, изјавила Пусич.

„Ние ќе го покренеме ова прашање за време на средбата за Западен Балкан во Виена во четврток. На неа ќе учествуваат уште Словенија, Австрија и Германија. Истото ќе го направиме и за време на министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург“ на 4 септември, појаснила Пусич.

Во исто време најтиражниот српски весник „Блиц“ денеска излегува на првата страница со следнiot наслов: „Додека Србија им помага на бегалците, другите (Македонија) ги претепуваат“. Во информацијата пишува дека македонската армија употребила солзавец и шок-бомби за да ги растера имигрантите.

Пред два дена на јужниот и северниот дел на Македонија беше прогласена вонредна состојба. Само за 2 месеци од соседна Грција во земјата пристигнале над 44 000 луѓе. Сите тие доаѓаат организирано со автобуси до граничниот премин Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација