Хрватска: Невработеноста во месец април 20,9 проценти
Објавено во: Балкан 27 Мај, 2013
Невработеноста во Хрватска во април изнесувала 20,9 проценти, соопшти хрватскиот Државен завод за статистика, пренеусва БТА.
Тоа претставува намалување од 0,7 проценти во однос на март, кога невработеноста достигна 21,6 отсто. На годишно ниво невработеноста бележи раст од 1,8 проценти.
Хрватскиот Државен завод за статистика неодамна објави дека во земјата има 355.598 невработени.