17 Декември, 2025
0.1963

ХРВАТСКА ПО МАКЕДОНСКИ ПРИМЕР: ќе отпишува долгови на најсиромашните!

Објавено во: Балкан 02 Септември, 2014 07:55

Добивај вести на Viber

Хрватската Влада им предложи на тамошните банкари и мобилни оператори да им ги опростат долговите на најсиромашните граѓани. Станува збор за граѓаните кои имаат долг помалку од 10.000 куни во период подолг од една година, а поради тие долгови се и пред исклучување. -Мислиме дека навистина станува збор за луѓе кои тие долгови тешко дека ќе ги вратат и бараме некое решение како би се дошло до опростување на долговите, вели потпретседателката на валдата Миланка Опачиќ. Таа тврди дека се води грижа за категоријата на луѓе за кои ќе биде применета оваа мерка. Од вкупниот број на должници, кој е 140.000, а должат нешто повеќе од 500 милиони куни, девет и пол илјади имаат орочена заштеда, што значи дека играат непоштено. - Тие не влегуваат во било каква приказна за амнестија. Меѓутоа, постои и еден голем дел, околу 70.000 должници, кои спаѓаат во категоријата пензионери, невработени и оние кои се корисници на загарантирана минамална надокнада, односно користат социјална помош, вели Опачиќ. Опростувањето на долговите ќе биде само за оние кои навистина на било кој начн не можат да ги вратата. - Размислуваме во две насоки, едниот е закон за стечај на потрошувачи кој неодамна беше на јвана расправа, меѓутоа денеска зборуваме и за други законски решенија кои веќе постојат во рамките на ЕУ, вели министерот за финансии Борис Лаловац. Според неговите зборови се работи за посебна категорија граѓани кои поради кризата се нашле во ситуација да не можат да ги вратат долговите. Лаловац оценува дека станува збор за криза која е долгогодишна и државата мора да интевенира. Конечениот договор допрва претстои, но државата сепак со оваа мерка одлучила да покаже дека е социјална и дека ќе застане во заштита на граѓаните кои навистина не можат да ги отплатат долговите. K.K.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни