Хрватска поблиску до Брисел, купува зграда вредна 11,5 милиони евра
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2013 15:43
За 11,5 милиони евра Хрватска купува зграда во Брисел во која ќе биде сместена нејзината мисија поради идното членство во Европската унија, јавија хрватските медиуми кои сепак пишуваат дека прво Владата ќе треба да даде согласност за купување на објектот.
Потоа треба да биде потпишан предговор за купување на зградата која се наоѓа во европскиот кварт во непосредна близина на европските институции, дознаваат медиумите од неофицијални извори.
Зградата е изградена во почетокот на 80-те години, има четири подземни катови каде што се гаражите, како и седум надземни катови. Вкупната површина на канцелариски простор е околу 4.000 метри квадратни, цената е 11,5 милиони евра, додека пред пет години нејзината вредност била проценета на 13,7 милиони евра.
Инаку поголемиот број земји членки на ЕУ, околу 90 отсто, имаат згради во сопственост, со оглед на тоа дека тоа што купувањето е поисплатливо од изнајмување на работен простор во Брисел.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





