17 Декември, 2025
0.0395

Хрватска прескапа за Хрватите!

Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2014 13:58

Добивај вести на Viber

Истражување покажало дека 59% од Хрватите имаат намера годишниот одмор годинава да го поминат на хрватскиот јадрански брег, но само 10,1% од нив притоа ќе отседнат во хотел, 18,8% ќе изнајмат апартман, околу 39% се определиле за приватно сместување во соба, а дури 1/3 рекле дека ќе летуваат бесплатно - кај роднини или пријатели. Оние кои сепак се решаваат на патување во аранжман на некоја туристичка агенција, во просек бараат сместување со две ѕвездички и организиран превоз. На летување се останува седум дена во просек. „Пристапот од речиси сите клиенти кои доаѓаат кај нас во потрага по аранжман за летување, речиси секогаш е со прашањата - Што ви е поволно? Имате ли некаква акција? Има ли нешто интересно во понудите за „последен момент“? Луѓето веќе неколку години бараат поповолни летувања, но оваа сезона тоа е повеќе од секогаш“, појаснуваат хрватските туристички работници. Најбарани се аранжманите кои опфаќаат седум полупансиони во хотели со 2 или 3 ѕвездички, а кога станува збор за семејства - сместување на база all inclusive во места каде што сместувањето на деца е бесплатно, затоа што така најмногу се заштедува. Но, тоа се поретко е за хрватското приморје, кое е прескапо за домашните туристи. Тие се почесто избираат евтини странски дестинации, како Тунис, во кои може да се летува и за половина цена во однос на понудата во Хрватска. Исто така, истражувањето покажало дека најдобро се продаваат аранжманите со организиран превоз, затоа што хрватските туристи, најверојатно заради високите цени на горивото, но и патарините и паркингот, се повеќе го избегнуваат сопствениот превоз до дестинацијата за летување.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии