ХРВАТСКА: Расте невработеноста, но и бројот на заболени од коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Јуни, 2020
Се зголеми невработеноста во Хрватска.
Стапката на невработеност во земјата е највисока во изминатите 15 месеци и изнесува 9.5 отсто.
Податоците на хрватската Служба за вработување покажуваат дека бројот на регистрирани невработени на крајот на мај изнесувал 157.839, што е за 1.395 лица (-0.9 отсто) помалку отколку во април, додека активното население било 1.664.801 лица и било за 22.127 помалку (-1.3 отсто).
Регистрираната стапка на невработеност претставува сооднос на бројот на невработени со активното население, така што горенаведената динамика на овие два индикатори последователно доведе до зголемување на регистрираната стапка на невработеност на месечна основа, се наведува во анализата.
Се зголемува и бројот на заразени од коронавирусот.
Бројот на новозаразени во последните 24 часа е 95 лица, со што вкупниот број на заболени од новиот вирус се искачи на 2.483 лица.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.