Добивај вести на Viber
Хрватска се плаши од исламизација на Балканот, и размислува да набави оружје за заштита.
Хрватскиот министер за одбрана, Јосип Буљевиќ изјави дека системот на безбедност мора да функционира координирано со оглед дека се зголемува религискиот екстремизам и се исламизира полека соседството. Ако илјада луѓе од соседните земји се борат во Исламска држава, безбедносните служби од државите мора да делуваат вмрежено, ефикасно и координирано.
Министерот планира да набави лансирни ракети, но ќе треба да се направи анализа и да се донесе одлука.
Вложувањето во одбраната е вложување во својата безбедност, и секоја земја има право да го развива системот на одбрана. Буљевиќ вели дека не се мешаат во политиките на соседите, но смета дека и тие треба да го направат истото.