Хрватска со најмал број на невработени од осамостојувањето
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024 10:12
На крајот на мај во Хрватската служба за вработување (ХЗЗ) се регистрирани 88.327 невработени лица или за 9.431 лице помалку (т.е. 9,6 отсто) во однос на мај минатата година, што е најмал број на невработени регистрирани во Хрватска од осамостојувањето.
Во однос на април годинава, бројот на невработени е намален за 10,6 отсто или 10.493 лица, пренесе Хина.
Ова покажува дека на домашниот пазар на труд се уште има силна побарувачка на работна сила, пред се поради туристичката сезона, за што сведочат податоците на ХЗЗ дека во мај најмногу излези од регистарот на невработени се должат на вработување во дејностите сместување и сервисирање на храна (24,1 отсто од вкупниот број).
Во текот на мај во регистарот на невработени се новоевидентирани 8.318 лица, што е за 16,7 отсто помалку од мај минатата година. Истовремено, директно од вработување дошле 77,4 отсто или 6.442 лица.
Најголем апсолутен број на регистрирани невработени лица е забележан во Сплитско-далматинската жупанија 14.842 (16,8 отсто од вкупниот број во Хрватска), Осиечко-барањската жупанија (12.051 или 13,6 отсто) и градот Загреб (10.313 или 11,7 отсто).
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




