Добивај вести на Viber
Месото и месните производи од ЕУ во Хрватска ќе бидат поевтини и до 40 отсто, пишува Вечерни лист.
Хрватската прехрамбена индустрија е на нозе! Со укинувањето на царината на храната од ЕУ од 10 до 40 отсто, трговците полиците ќе ги наполнат со евтина стока. Од друга страна хрватската прехрамбена индустрија нема простор за да ја намали цената за да се задржат на пазарот.
А за работата да биде уште полоша, додека се најавува поветинување на увезените производи , хравтскиот Дукат, Виндија и Мегле најавуваат поскапување на млекото и млечните производи од 10 до 25 %, овој потег го правдаат со растот на влезните трошоци, посебно во енергетиката.
Трговските ланци во сопственост на компании од ЕУ влегоа во остра кампања за привлекување на купувачи на евтина увезена стока, па познавачите на овие прилики очекуваат помор на хрватските компании во земјоделско прехрамбената индустрија, посебно во производството на месо, брашно, вино, шеќер..
Во овој месец вработеноста во индустријата падна на 6 % во однос на минатата година. Најголема битка се води за храната, бидејки кај облеката и обувките нема позначајни промени во царинскиот режим, додека луксузните производи се со помали цени од почетокот на годината.
Хрватска укина 30% данок на луксузната стока, саати, накит, крзно и бунди.
Во маркетите играта засега ја водат странските ланци Lidl, Kaufland и Interspar.
Домашните трговци, инаку очекуваат инспекциите да ја преземат контолата за квалитетот на евтината увезена стока.
Во очекување е уште поголема конкуренција на домашниот пазар.