Хрватска влегува во ЕУ, сараевските трговци пред нови царински бариери
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2013 12:41
Либерализацијата на услугите и отстранување на административните и други бариери во рамки на зоната на слободна трговија ЦЕФТА, ќе бидат клучните приоритети на БиХ во овогодишното претседавање со таа регионална организација, изјави Мирко Шаровиќ, министер за надворешна трговија и економски односи на БиХ.
Шаровиќ рече дека преземањето на штафетната палка на ЦЕФТА во 2013 година, БиХ треба да го искористи за промоција на трговијата, но дека тоа донесува предизвици кои се однесуваат на претстојното излегување на Хрватска од ЦЕФТА и влезот во ЕУ на 1 јули оваа година. Оценето е дека од основањето на ЦЕФТА, БиХ се повеќе се приближува кон стратешката цел да стане рамноправен партнер со другите земји членки, аргументирајќи го тоа со податоците дека покриеноста на увозот со извозот од 50 отсто во 2008 година се зголеми на 70 отсто во 2011 година, а лани пак падна на 65 отсто. Тој рече дека во текот на членството во ЦЕФТА, БиХ остварила раст на извозот на земјоделски производи за 13 отсто, додека увозот е намален за седум отсто.
„Оваа година ќе се одржат многу средби на различни нивоа на ЦЕФТА членките, така БиХ т.е. Сараево ќе биде центар на регионот. Обезбедени се средства за претседавање, а ова е прилика и да се заблагодариме на Европската комисија, која низ разни проекти и програми помогна на БиХ во оваа година“, рече тој.
Немања Васиќ, претседател на Здружението на преработувачи на месо во РС, вели дека институциите во БиХ во претстојниот период не смеат да дозволат, поради влезот на Хрватска во ЕУ, да договорат било какви увозни отстапки во однос на другите земји на ЦЕФТА.
Исто така, тој укажа на потребата за утврдување на биланс на потребите на пазарот на БиХ и капацитетите на домашните производители, пред се во земјоделско-прехранбениот сектор, за да можат навремено и соодветно да реагираат во случај на појава на прекумерен увоз со цел за заштита на домашното производство. Бариерите се најизразени токму во областите со најконкурентни производи на европските, пред се во агроиндустрискиот сектор. Како најчести нецарински пречки се истакнуваат долгите задржувања на стоката на граничните премини, непризнавање на налозите, извештаите и сертификатите за исправноста и квалитетот на нашите производи и испраќање на примероци од секое пакување на стоката на долготрајни и прескапи контроли. Покрај БиХ и Хрватска, членки на ЦЕФТА се Србија, Црна Гора, Македонија, Косово-УНМИК и Молдавија. Инвестиции на хрватски компанииМинистерот Мирко Шаровиќ соопшти дека по 1 јули нема да има бесцарински увоз за Хрватска, поради што нејзините производи ќе поскапат на пазарот на БиХ, па се очекува дека хрватските фирми како Дукат и Подравка во БиХ ќе отворат погони за веќе брендирани производи, а притоа ќе користат домашна работна сила и босански суровини.
Тој повторно изрази загриженост дека до 1 јули двата гранични премини со Хрватска за трансфер на производи од растително и животинско потекло на Биљача и Градишка, нема да бидат во полна функција, наведувајќи дека на Биљача треба да се изградат привремени патишта и објекти, а во Градишка уште две ленти за пристигнување, пишува весникот „Независне новине“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





