28 Септември, 2024
0.0300

Хрватската економија тоне – нема корист од ЕУ

Објавено во: Анализа 05 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Десет месеци откако Хрватска го оствари својот сон со приклучувањето кон ЕУ, нејзината економија и понатаму тоне, анализира агенцијата Ројтерс во својот извештај за Хрватска. Со тоа, се оценува во анализата, се испраќа порака и на останатите земји од екс Југославија дека Унијата не може да обезбеди просперитет. Освен што барањата за влез во ЕУ и правилата на ЕУ кои се обидуваат да ги обезбедат новите членки со јакнење на економијата и напредок во трговската унија, за земјите како Хрватска и Србија влегувањето во ЕУ треба да значи и пресвртница од војната во деведесетите кон заедничка економија, развој и иднина. Хрватска, меѓутоа, ги бележи најлошите економски резултати, заедно со Грција и Кипар и досега нема најава дека странските инвеститори би можеле нешто да променат. - Се чини дека ретко кој во Хрватска сваќа дека привлекувањето на инвеститори е сеевропско натпреварување. Со тоа сите приватизации во Хрватска пропаднаа, пишува Ројтерс. Дури и Словенија, земја која имаше добри услови за развој на својата економија по распадот на Југославија, се соочува со проблеми во продажбата на државните фирми, иако е во ЕУ од 2007 година. Во другите држави од регионот, освен фабриката на Фиат во Србија, нема многу нови работни месата кои би можеле да ги заменат оние во пропаднатите државни фирми. - Хрватска не е подготвена за ЕУ и нема корист од членството. Хрватската индустрија, вклучувајки и бродоградилиштата се урнаа во деведесетите години на минатиот век, пишува Ројтерс. Дипломатите сметаат дека Хрватска не е подготвена за ЕУ и дека нема никаква корист во оваа унија. - Во Хрватска има многу неконкурентни фирми и многу увезена стока. ЕУ фондовите не oдат добро. Нема планирање, сигурност, правниот систем не е усогласен со европските стандарди, вели дипломат од Загреб за Ројтерс. Податоците на Светска Банка покажуваат дека Хрватска е единствена европска земја, заедно со Грција чија економија тоне од 2006 година. Иако индустриското производство порасна во првите три месеци во 2009 година, аналитичарите очекуваат понатамошен пад оваа година и маргинален раст во 2015 година. - Сега кога Грција повторно постигна раст, нашето пропаѓање е се поочигледно, вели за Ројтерс Велимир Шонје. Агенцијата наведува дека Хрватска, според најновите податоци на ЕК е на самото дно според корисниците на европските фондови, и дека искористила само 18 отсто од средствата од 2007 до 2013 година. И покрај слабите изгледи, како што се наведува, релативно здравиот банкарски систем кој го контролираат странските матични банки и 43 милијарди евра вредната економија ќе спречат Хрватска да стане еден од главните проблеми на ЕУ. Аналитичарите сметаат дека ЕК, која го присили Загреб веќе два пати да го промени својот буџет, ќе му помогне да го задржи својот јавен долг под контрола. Но поголем проблем е како да се развива индустријата. - Стагнацијата е најдобро сценарио за Хрватска, смета консултантот Андреј Грубишиќ. Тој смета дека без сериозни резови во јавниот сектор во Хрватска нема да биде подобро, но смета дека владата не покажува амбиции за такво нешто. К.К.