Хрватската лотарија во загуба поради обложувачниците
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2013 18:13
Хрватската лотарија девет месеци од минатата година работела со загуба од 3,48 милиони куни (457 илјади евра).
Таа компанија своите минатогодишни загуби ги образложува со тоа дека е една од ретките лотарии во Европа која организира и други игри на среќа, освен лотариските, а тоа се обложување, казино и апарат-клубови, кои се игри со ризик.
Затоа постои ризик и за Хрватската лотарија дека на тие игри ќе загуби, пишува загребскиот весник „Вечерњи лист“.
- Факт е дека обложувањето има својства на ризична игра во која може да дојде до исклучително високи исплати на играчите, па дури и повисоки од извршената уплата. Токму тоа се случи во септември минатата година кога обложувањето оствари загуба по повеќе од две години, што дополнително влијаеше на негативните трендови и донесе негативни финансиски резултати, објаснуваат во Хрватската лотарија.
Лошите деловни резултати Лотаријата ги објаснува и со економската криза во земјата, која се одразила и на уплатите за игри на среќа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





