05 Декември, 2025
0.0302

Обновено: 50 нови вработувања во фабриката на „Техникс“ во Шуто Оризари

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2012 15:00

Добивај вести на Viber

На почетокот на новата индустриска зона во општина Шуто Оризари денеска беше поставен камен-темелник на погон за производство на опрема за рециклирање на отпад и за третман на отпадни води на компанијата „Техникс“ од Хрватска, инвестицијата тешка 2 милиони евра. За пет месеци треба да биде готова  фабриката за производство на најмодерна опрема и технологија која е во функција на заштита на животната средина. Во првата фаза, во компанијата под називот „Техникс“ Скопје ќе се вработат околу 50 луѓе. Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми ја поздрави инвестицијата на „Техникс“ и истана дека со изградбата на погонот за опрема за рециклирање на отпад и отпадни води и со негово стартување во голема мерка ќе се придонесе кон олеснување на процесот на воспоставување на одржлив систем за справување со отпад и заштита на водите кои се приритет за Македонија како земја со статус кандидат за член во ЕУ. Претседателот на компанијата „Техникс“, Ѓуро Хорват пак потенцираше дека оваа инвестицијата ќе значи иднина во делот заштита на природата , а најави и дека знаењето од Хрватска ќе биде пренесено и во Македонија, на македонските стручњаци. Тој истакна дека нивните 300 производи, кои ги развиле имаат добиено голем број светски признанија, а информираше и дека  „Техникс“ има свои фирми во Романија, Бугарија, Австрија, Германија. „Техникс“ има 20-годишно искуство во проектирање, производство, и инсталирање на разновидна опрема и постројки во решавање на проблемите за менаџирање и третман на отпадни води, управување со комунален цврст и неопасен отпад, како и други видови на отпад, вклучувајќи го и опасниот отпад, опрема и постројки за управување со нафтени деривати, контејнерски населби, типски и специјални контејнери и специјални производи, опрема и постројки, стои во личната карта на оваа компанија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец