Хрватските лекари и медицински сестри стапија во штрајк
Објавено во: Балкан 18 Септември, 2013 10:15
Членови на хрватските Синдикати на лекари и медицински сестри од денеска стапија во штрајк во болниците, барајќи нов колективен договор со кој би им се зголемиле износите на додатоците за прекувремена работа и дежурства.
Штрајкот почна денеска во седум часот и е организиран од Хрватскиот синдикат на лекари кој има 4.500 членови и Хрватскиот синдикат на медициснки сестри-медицински техничари со 12.000 членови и ќе трае до исполнување на барањата.
Синдикатите соопштија дека ќе штрајкува 70 отсто од болничките лекари и сестри односно повеќе од 46.000 здравствени работници, јавуваат хрватски медиуми.
Тие бараат и враќање на додатоците на плата кои ги загубиле со судското поништување на поранешниот колективен договор во јуни како и плаќање за прекувремена работа во согласност со хрватските и европски закони.
Вработените во примарното здравство и итната медицинска помош работат нормално. Министерството за здравство најави дека внимателно ќе го надгледува функционирањето на системот за време на штрајкот.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




