ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2024 19:01
Пензионерите ќе можат да работат со полно работно време во Хрватска.Тие наскоро ќе можат да работат со полно работно време, но со исплата на половина од пензијата.
По 10 години преговори, постигнат е договор меѓу пензионерските синдикати и здруженија и министерот Марин Пилетиќ.
Почнувајќи од следната година тие ќе можат да работат по осум часа на ден. Сњежана Ќурковиќ од Загреб порано подготвувала лекови за пациенти, а сега полици за клиентите. Таа ги замени болничките одделенија со продавници. По 40 години работа има пензија од 480 евра што не е доволно за живот. Веќе две години работи со скратено работно време.
„Има денови кога е помалку тешко, има денови кога е повеќе тешко. Има работи кои се многу тешки, кога навистина влечам. Мене ми е заморно. Има и денови кога е релативно мирно. Немаш пауза, треба да се работи на нозе четири часа и тоа е тоа“, вели таа.
Во моментов има повеќе од 500 активни огласи за вработување пензионери. Стапката на вработеност на пензионерите во Европа е околу 25 отсто, а во Хрватска 2,8 отсто.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




