10 Декември, 2025
0.0675

HSBC под истрага

Објавено во: Свет 09 Ноември, 2012 18:51

Добивај вести на Viber

Истрага против ХСБЦ отворија британските даночни власти околу работењето на нејзината филијала на островот Џерси. Даночните власти побараа податоци за секој Британец, клиент на филијалата,кој таму има своја сметка,или депонирано пари. Истргата е отворена откако една “кртица”, вработена во банката, им достави на властите список со имињата на оние кои таму имаат сметки. Меѓу клинетите на филијалата во Џерси се еден познат британски дилер на дрога,кој сега е во бегство во Венецуела,потоа илегален шверцер на оружје,во чија куќа во англиската област Девон се откриени преку 300 парчиња најразлично оружје, како тројца банкари,осомничени за направени измами и цела низа “штедачи” во филијалата кои се регистрирани дека живеат во сиромашните краишта на Велика Британија,но кои на Џерси поседуваат сметки во милионски износи. Банкарски експерти тврдат дека ова откритие го загрозува угледот на ХСБЦ банката,а посебно ја доведува во сомнение нејзината филијала на островот,затоа што банките се законски обврзани да пријават секој случај,кога ќе се посомневаат во изворот на парите што се вложуваат кај нив. Само во ХСБЦ банката на Џерси, преку четири илјади Британци имаат свои сметки и депонирани пари. Оваа банка веке еднаш беше осудена во САД да плати казна од 1,5 милијарди долари,за невнимателност и неоткривањето дека преку неа се “перат” сомнителни пари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон