Хулуси Акар со честитка: Северна Македонија ќе го зајакне НАТО
Објавено во: Балкан 30 Март, 2020
Хулуси Акар, министер за одбрана на Турција, го честиташе полноправното членство на Македонија во НАТО со телеграма упатена до вицепремиерката Радмила Пекеринска.
„Турција ве поддржуваше уште од почетокот на овој процес и е подготвена да го сподели своето искуство доколку има потреба“, се вели во дел од честитката што ја упати поранешниот труски генерал.
Вашето членство ќе го зајакне НАТО. Сигурен сум дека членството во НАТО ќе ги развие уште повеќе билатералните односи меѓу Турција и Северна Македонија, додава Акар.