06 Декември, 2025
0.0365

Хуманитарен пикник за вработените на „Алаклоид“: Донирани околу 1,8 милиони денари за Црвен Крст наменети за лицата во трета доба

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2025 17:23

Добивај вести на Viber

Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства  ипријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, илустриранна  специјално дизајнираните маички за овој повод, преку кои вработените на „Алкалоид“, членовите на нивните семејства и/или нивните пријатели собраа околу 1,8 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на Црвен крст на Град Скопје, а ќе се наменат за поддршка на социјалните сервиси за стари лица.

„Постарите лица, чија мудрост и животно искуство заслужуваат почит, внимание и поддршка, се вреден дел од општеството. 

Со нашата помош на активностите ииницијативите на Црвен крст на Град Скопје насочени кон социјалните сервиси за лицата во третата доба, веруваме дека заедно можеме да создадеме услови староста да биде период исполнет со достоинство, сигурност и човечка топлина. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, а токму затоа преку оваа поддршка сакаме да им помогнеме на постарите лица да се издигнат над предизвиците и да имаат поисполнет и поквалитетен живот“, истакна Живко Мукаетов, Генерален директор / Претседател на УО на „Алкалоид“ и Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Секретарот на Црвен крст на Град Скопје (ЦКГС) СузанаТунева - Пауновска истакна: „Една од мисиите на ЦКГС е да им помогне на лицата во третата доба да имаат достоинствена и безбедна старост. Нивните предизвици се големи – осаменост, намалена мобилност или финансиски тешкотии – но затоа сме тука ние. Преку домашните посети, уредот Итно копче, санитетскиот транспорт и преку дневните центри за активно стареење им овозможуваме поддршка, сигурност и соодветна грижа. Но, оваа наша мисија не би можела да се реализира без силни и посветени партнери. Со „Алкалоид“ знаеме дека не сме сами – нивната поддршка ни овозможува да продолжиме со поголема храброст и енергија и да реализираме повеќе активности, акции и иницијативи. Заедно можеме повеќе!“.

Во насока на вредностите кои ја обликуваат корпоративната културана „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и грижа за заедницата, компанијата има во споставено долгогодишно хуманитарно партнерство со Црвен крст, поддржувајќи ја оваа хуманитарна организација како во делот на социјално-хуманитарната дејност и справувањето со кризи и катастрофи така и на полето на крводарителството.

Првиот хуманитаре нпикникна „Алкалоид“ под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е одржанна 3 септември 2011 година.

ПР објава


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј