20 Декември, 2025
0.0586

Хуманитарна трка за деца со Даунов Синдром

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2017 08:42

Добивај вести на Viber

По повод светскиот ден на лицата со Даунов Синдром во организација на Мечувалечки Клуб Ескрим се организира третата по ред Хуманитарна трка за деца со Даунов Синдром во сабота, 18.03.2017, во 11.00 часот во Градски парк, пред Школка.

Трката е отворена за сите наши хумани граѓани,но ќе учествуваат и децата со Даунов синдром и нивните семејства.Со овој настан се цели кон подигање на свеста за овие прекрасни личности,да сепоттикнат и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, да ги вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за редовните деца.

За овие деца спортувањето е од огромно значење бидејќи со спортувањето ја развиваат моторика,координацијата,одржувањето на баланс итонусот на мускулите. Сите овие работи се многу важни за нивен понатамошен самостоен живот. Со спортувањето добиваат уникатна социјализација,стекнуваат нови пријателства. Инклузијата како сегмент кој што серазвива со помош на хуманитарната трка дава исклучителни резултати во нивниот живот.

Се покануваат сите да се приклучат на оваа трка. Заинтересираните можат да се пријават на http://www.smartrace.club/ или 30 минути пред почетокот на самата трка. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за едногодишно бесплатно спортување на децата.

Да трчаме за децата со Даунов Синдром!

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии