Добивај вести на Viber
Една ноќ пред да летаат назад во Македонија дел од Македонците кои во земјава со хуманитарен лет треба денеска до пладне да се вратат од Германија немаа информација дали воопшто ќе си дојдат дома. За Фактор тврдат дека откако се пријавиле минатите денови, во текот на вчерашниот ден преку вибер порака биле известени за некои детали од патувањето, но не и за тоа дали воопшто ќе тргнат. Во информацијата која им била испратена вчера утрото стоело дека за летот до Скопје секој сам ќе го плати билетот што и првично беше соопштено. Сепак новина е што треба да се платат билети за сите патници кои се пријавени од еден град, а ако некој не дојде односно се откаже, трошокот треба да го покријат останатите патници.
„Цената на билетот се пресметува на тој начин што цената на летот се дели со бројот на патниците кои ќе се качат во авионот. Бројот на патниците ќе биде утврден по качувањето во авионот, стои во информацијата што пријавените ја добиле на вибер.
Тие прашуваат што ако од предвидени стотина патници се појават само половина на пример, па тие ќе треба да платат се. Инаку до доцна синоќа немаа информација дали ќе полетаат воопшто и покрај тоа што првично беше нејаавено дека летовите од три града од Германија ќе се организираат до 12 часот на пладне во петок.
„ПОчнаа да се откажуаваат затоа што ќе одат во карантин и покрај тоа што се пријавиле. Ако од 200 луѓе дојдат 100 кој ќе го плати нивниот билет? Изгледа ние, велат дел од патниците.
Од Министерството за надворешни работи за Фактор велат дека немаат точни информации за цената на билетите за летовите од Германија. Ја споделија изјавата на државниот секретар Зоран Попов за телевизија Телма, но тој таму зборува дека денеска ќе има два лета, едниот од Загреб, другиот од Малта.
Попов вели дека за нив тендерот го добил Визер и дека летовите се во 12 часот. Потврдува сепак дека цената се дели со бројот на аптници во авионот.
Ќе ги имаме првите два лета, и двата авиона полетуваат во 12 часот, едниот од Загреб, вториот од Ла Валета - Малта. Цената на чинење се утврдува на следниот начин - завчера наутро Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија упати јавен повик до авио-компаниите и тур-операторите во Северна Македонија со единствен услов, најниска цена на чинење на летот. За првите два лета тендерот го доби компанијата Wizz Аir. Летовите ќе се организираат во 12 часот од Загреб и од Ла Валета. Цената на чинење зависи од капацитетот на авионот и пополнетоста на авионот. Добиената цена по јавниот повик се дели со бројот на патници во авионот. За Загреб имаме Airbus со 230 седишта, до сега се пријавени 226 граѓани, а за Ла Валета имаме 147, Airbus320 со 180 седишта, рече Попов.
Инаку Владата објави јавен повик за организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани со чартер и за три градови од германија. Од Берлин – Скопје за 377 патници, Бон – Скопје за 355 патници и Минхен – Скопје за 183 патници.
Во објавата стоеше дека крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12:00 часот.
„Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена, стои во објавата.
Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.