Добивај вести на Viber
Откако жителите на Аеродром реагираа на уништувањето на зеленилото поради продолжување на Детската улица„Тоше Проевски“, општинските власти се откажаа од проектот, пишува Дневник.
Незадоволните граѓани вчера имаа средба со градоначалникот Ивица Kоневски.
„Се договоривме да не се доизгради детската улица, туку само да се реконструира веќе постојната. Ќе бидат поставени гранитни плочки, ново осветление и жардиниери. За одмор на граѓаните ќе имаа урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, а за одржување на зеленилото - нов систем за наводнување. Жителите сакаат паркот да им остане онаков каков што е, а градоначалникот и Општината не може да прават нешто што не го сакаат тие“ појаснуваат надлежните за
Дневник.
Според првичниот план, постојната пешачка улица од Ново Лисиче треба да продолжи и кон Аеродром, односно преку булеварот Србија, во должина од 250 метри. Градежните работи според планот беше најавено дека ќе чинат 670 илјади евра.