И АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА СЕ ЖАЛИ: „Имаме лимитиран одмор кога доаѓаме, чекаме со саати на граница!„
Објавено во: Македонија 06 Август, 2023
Албанската дијаспора на социјалните мрежи реагира дека има голема гужва за влез во земјава. Во групата „Сакаме чист Чаир“, еден иселеник кој доаѓа на одмор во Македонија, реагира на хаосот за влез во земјава.
„Напишано од гастербајтер!
На нас што живееме на запад, кога се враќаме во татковината, деновите ни се одброени. Замислете 30 минути чекање на косовска граница, плус 30 минути на македонската граница, плус хаосот во тунелот!
Верувајте, одморот ни преседнува“, пишува во групата.