И албанските функционери си ги зголемија платите како македонските
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2023 20:06
Законот за зголемување на платите на високите функционери, како пратениците, министрите и претседателот, беше изгласан денеска во албанскиот парламент со 95 гласа „за“, 3 против, без воздржани и 5 кои не учествуваа во гласањето.
Со неодамнешните измени на законот за плати, најголемо покачување ќе имаат пратениците со 98 отсто, а по нив министрите со 82 проценти. Пораст од 72 отсто ќе има платата на премиерот, а претседателот за 65 проценти.
Реформата на платите што ја иницира Владата се чини дека најпрво има најголем ефект врз платата на високите функционери, а потоа и врз другите категории вработени во јавниот сектор.
Во меѓувреме, за останатите вработени во администрацијата ќе има зголемување за за 90 до 320 евра. За разлика од 2022 година, каде што само општите лекари, медицинските сестри, наставниците и безбедносните работници, вклучително и полицијата, чуварите, пожарникарите и вооружените сили, добија зголемување на платите за 7отсто, оваа реформа на платите само што започна.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




