05 Декември, 2025
0.0416

И Британците на протест против мерките за штедење

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2012 18:43

Добивај вести на Viber

Илјади Британци излегоа на улица на протест против мерките за штедење усвоени од Владата, пренесуваат тамошните медиуми. Британците ја обвинуваат владејачката елита дека ги занемаруваат маките на нивните избирачи погодени од рецесијата. Популарноста на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон драстично опадна во последниве месеци поради нејзината политика на штедење. Камерон одамна се спротивставува на мислењето на британскиот електорат дека владејачките пратеници доаѓаат од богати семејства и се отсечени од проблемите на обичните луѓе. Избирачите се лути и на министерот за финансии Џорџ Озборн, кој се беше возел во вагон од  прва класа со „нормален" билет, за што потоа мораше да си доплати. По оваа случка буквално експлодира јавното мислење, а критичарите на владата на Камерон побрзаа да ги обвинат министрите-конзервативци дека се недостапни и привилегирани. Незадоволни Британци кои излегоа на протестот, прво минаа покрај парламентот во Лондон, а во Хајд парк пред нив истапи со свој говор Ед Милибанд, социјалниот министер за Велика Британија, кој е од опозициската Лабуристичка партија. Митинг имаше и во Белфаст, Глазгов и други градови на земјата. Британците се гневни на политиката на Владата од која се чувствуваат измамени. Демонстранти објаснуваат дека биле ветени нови работни места и зајакнување на економијата, но тоа не се случило. Наместо исполнети предизборни ветувања, новите економски мерки удриле по најранливите слоеви од општеството. Дејвид Камерон се вети дека ќе го разлабави строгиот буџет, а на изненадување на своите министри и штрајкувачите, рече дека ќе ги принуди енергетските компании да применуваат пониски тарифи за домаќинствата. Но, тоа не ја смири толпата. Сепак има аналитичари кои истакнуваат дека се забележува пад на невработеноста и инфлацијата во Британија, што е знак дека политиките на Камерон се на добар пат иако не со очекуваното темпо. Економисти препорачуваат владата во Лондон да се придржува кон планот за штедење и реформи, за да се справи со дефицитетот, кој во моментов е над 8% од бруто домашниот производ на земјата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања