19 Декември, 2025
0.0781

И ЧЕТВРТИОТ ПАТНИК ОД АВТОМОБИЛОТ ПОЧИНА - Еве ги деталите за состојбата по страшната несреќа во Грција (ФОТО)

Објавено во: Балкан 10 Септември, 2023 11:48

Добивај вести на Viber

Бројот на загинати во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија се зголеми на четворица, откако на повредите им подлегна и четвртиот патник од автомобилот што се судри со автобусот од Србија, додека пак повредени се 49 српски туристи, според информациите на дописничката на МИА од Атина. 

До несреќата, според информациите на МИА, веројатно дошло при директен судир на двокатниот автобус од Ниш што патувал кон Ставрос во Грција со патнички автомобил што се движел во спротивна насока. 

Од ударот автобусот со околу 80 српски туристи излетал од патот, тројца од четворицата патници во автомобилот загиниле, додека пак подоцна и четвртиот, кој бил пренесен во болница им подлегнал на повредите 

Веројатно станува збор за грчки државјани. 

По директниот судир налетало и второ возило со српски регистарски таблици кое удрило во првиот автомобил.

Во него биле мајка и дете, кои не се повредени

Од туристичкиот автобус, 49 патници се пренесени во три болници. 

По сообраќајната несреќа што се случи кусо пред 7 часот утрово, автопатот од границата со Северна Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат. 

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен