И ЦРНА ГОРА СТАНУВА ПРЕСОЛЕНА ЗА ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН: Поскапува одморот, просечна цена за четиричлено семејство ќе биде 70 евра
Објавено во: Финансии, Балкан 13 Март, 2024
Аранжманите за летото што претстои за Цена Гора поскапуваат за околу 20% во однос на ланските цени.
„Како и целиот свет, така и Црна Гора е соочена со глобални економски предизвици кои не го заобиколија ниту туристичкиот сектор, зголемувањето на цените е одраз на растечките оперативни трошоци, иако сме свесни дека тоа може да влијае на одлуката на некои туристи, ние се обидуваме да го подобриме квалитетот на нашите услуги“, изјави претставникот на ТО Херцег Нови за 92travel.
Исто така, акцент беше ставен и на стратегијата за привлекување што повеќе странски туристи покрај очекуваниот голем број туристи од Србија, кои секако го „одржуваат“ успехот на летната сезона во Црна Гора.
„Активно работиме на промоција на Црна Гора и Херцег Нови на меѓународниот пазар, наша цел е да привлечеме туристи од различни делови на светот, а особено сме горди на видливиот пораст на бројот на гости од Кина, Украина, Унгарија итн“, рече претставникот.
Дополнително, претставниците изразуваат оптимизам за претстојната сезона, верувајќи дека висококвалитетната услуга и гостопримството ќе го компензираат малку повисокото поскапување.
„ Наша цел е секој гостин да понесе незаборавни искуства од нашиот град и земја и да биде среќен да се врати... работиме на подобрување на понудата и услугите, се со цел да ги задоволиме нашите гости“, заклучи претставникот. за нашата веб-страница.
Покрај споменатите измени, претставникот на туристичката организација Херцег Нови наведува дека просечната цена за ноќевање за четиричлено семејство ќе биде околу 70 евра дневно , што сепак е конкурентна понуда во однос на слични дестинации како Хрватска и Грција.
И ЦРНА ГОРА СТАНУВА ПРЕСОЛЕНА ЗА ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН: Поскапува одморот, просечна цена за четиричлено семејство ќе биде 70 евра
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.