И ДАНЛОП НА ПРОДАЖБА! Јапонската компанија Sumitomo Rubber Industries го купува од американскиот Goodyear
Објавено во: Економија 12 Јануари, 2025
Американскиот производител на гуми Goodyear ќе го продаде брендот Dunlop на јапонската компанија Sumitomo Rubber Industries.
Договорот, вреден 701 милион долари, се очекува да биде завршен до средината на годината, пренесува СТА. Продажбата го вклучува брендот Dunlop и неговата интелектуална сопственост во Европа, Северна Америка и Океанија.
Goodyear ќе продолжи да произведува и продава гуми со брендот Dunlop на потрошувачите во Европа најмалку до 31 декември, додека плаќа такса за лиценца на Sumitomo.
Договорот автоматски ќе биде продолжен за уште една година, до 31 декември 2026 година, освен ако двете страни меѓусебно не се договорат за негово предвремено раскинување.
Ова е преоден период кој ќе и овозможи на јапонската компанија успешно да го преземе брендот и да го одржи нивото на услуги на клиентите на Dunlop.
Goodyear потоа ќе продолжи да испорачува само одредени гуми Dunlop на Sumitomo Rubber Industries во Европа за пет години, со минимална куповна количина од 4,5 милиони гуми во овој период.
Во исто време, Goodyear ќе ја преземе Dunlop лиценцата за комерцијални камионски гуми во Европа од Сумитомо и ќе ги задржи правата на брендот Dunlop за својот бизнис со мотоцикли во Европа и Океанија, соопшти STA.
фото: EPA/ROMAN RIOS