И Демир Капија доби нов плоштад
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2013
Денеска во Демир Капија во употреба беа пуштени асфалтираната улица „Даме Груев“ и изградениот мини плоштад. И двата проекти се реализирани преку програмата „Форуми во заедницата“.
„Голема благодарност до Швајцарската агенција за развој и Центарот за одржлив развој „Алка“, со чија соработка го реализиравме овој проект. Ова е едно многу позитивно искуство за нас. Осознавме алатка преку која локалната самоуправа и граѓаните заеднички ги решаваат проблемите и ја креираат локалната политика“, изјави пред присутните градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев.
Вкупната инвестиција е вредна 6 милиони и 400 илјади денари, а се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и општина Демир Капија, информираше Димитриев.